Connect with us

Свет

Туск: Аферата „Епштајн“ може да биде „слатка стапица“ на КГБ за елитите на западниот свет

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти денеска дека полската влада формира тим аналитичари што ќе се занимаваат со полските траги во педофилската афера „Епштајн “ во САД и предупреди дека сè повеќе експерти и коментатори во светот укажуваат дека постапките на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн биле „слатка стапица“ на КГБ за елитите на западниот свет и тоа ќе биде и предмет на полска анализа.

„Знаеме дека Епштајн ги чувал сите пораки, имејлови, документи, снимки и фотографии. Тој снимал влијателни западни лидери, претседатели, премиери, раководители на најголемите компании во светот. Сè повеќе коментатори и експерти веруваат дека е многу веројатно оти станува збор за операција подготвена од руското КГБ, таканаречена слатка стапица за елитите на западниот свет“, рече Туск денеска во Варшава пред владината седница.

Обвинителството и полските служби веќе ги имаат првите полски траги во аферата за подведувањето девојки на забавите на Епштајн за елитата, конретно дека од Краков го информираат Џефри Епштајн дека имаат подготвена група полски девојки и жени што може да му ги испорачаат.

„Како што знаете, тоа е афера без преседан. Првин потребно е да се разјаснат полските траги во сатанскиот круг на Епштајн. Ќе направиме сè за виновниците и можните жртви да видат дека полската држава работи, но и да ги обесштетиме жртвите доколку е потребно и ефикасно да ги казниме оние што ги извршиле овие кошмарни злосторства“, рече Туск.

Втората причина, според полскиот премиер, е тоа што аналитичкиот тим, во соработка со министерот за правда, генералниот обвинител и министерот за координатор на разузнавачките служби, по анализата ќе разгледа дали да поведе истрага за сомневањето дека зад аферата „Епштајн“ стојат руските разузнавачки служби. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3