Connect with us

Хроника

Повредено 16-годишно момче при пукање на семејна веселба во Кичевско

Шеснаесетгодишно момче од кичевското село Стрелци било повредено на семејна веселба, откако Ф.Ф.(36) од пиштол испукал неколку куршуми, кои се одбиле од подот и го повредиле детето.

Несреќата се случила во дворот од семејната куќа. Момчето било пренесено во Општата болница во Кичево.

Како што соопшти МВР, утрово во 2:30 часот полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави