Connect with us

Свет

Уапсен маж кој со автомобил повеќепати удрил во синагога во Њујорк

Полицијата на Њујорк денеска соопшти дека маж во текот на изминатата ноќ со автомобил намерно двапати удрил во синагога, односно во седиштето на еврејското хасидско движење Хабад Лубавич во Бруклин, како и дека во инцидентот, кој се истражува како можен злостор од омраза, немало повредени.

Комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш на прес-конференција рече дека инцидентот се случил нешто пред 21 часот по локално време, кога полицајците кои биле распоредени пред седиштето на Хабад „слушнале врева на главниот влез во зградата“, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Тиш рече дека полицајците го виделе возачот како удира во задната врата на зградата, се враќа наназад со своето возило, а потоа повторно удира во задната врата.

Таа наведе дека, како мерка на претпазливост, њујоршката полиција ќе ја зголеми безбедноста околу еврејските верски објекти.

Полицијата соопшти дека возачот е уапсен и сместен во притвор, а претставник на Хабад кажа дека синагогата е евакуирана од претпазливост.

Њујоршката полиција го пребарала возилото, и во него не била пронајдена експлозивна направа, а инцидентот го истражува Работната група за злосторства од омраза на њујоршката полиција.

Во соопштението, движењето Хабад Лубавич наведе дека „автомобилот удрил во споредниот влез“ на зградата која „опфаќа една од најважните синагоги во светот“, како и дека „судејќи според видео-снимките и сведочењата, се чини дека тоа било намерно“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3