Connect with us

Свет

Орбан ја обвинува Украина за мешање во унгарските избори

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговори во врска со мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека „украинските лидери, вклучувајќи го и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле навреди и закани кон Унгарија“.

Во објава на социјалната мрежа „X“, тој додаде дека унгарските безбедносни служби заклучиле дека ова е координиран обид за влијание врз изборите и дека побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика амбасадорот на разговори.

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски рече дека „секој Виктор кој живее од европски пари додека се обидува да продава европски интереси заслужува шамар по шапката“, што Орбан го протолкува како директна порака до Унгарија.

Украинските власти сè уште не ги коментираа обвинувањата на Орбан. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2