Connect with us

Свет

Нова железничка несреќа во Шпанија: Воз се судри со кран, лесно повредени неколку лица

Приградски воз се судри со градежен кран во југоисточна Шпанија, при што не е утврден бројот на повредени лица, соопштија регионалните служби за итни случаи.

„Возот не се преврте, ниту излета од шините“, изјави портпаролот на службите за итни случаи во југоисточниот регион Мурсија.

Несреќата се случила во близина на Картагена во Мурсија.

Најмалку 43 лица загинаа во смртоносна несреќа на брз воз во јужниот регион Андалузија во неделата.

Две други несреќи се случија во Каталонија во вторникот. Во една од нив машиновозачот загина, а 37 лица беа повредени.

Шпанскиот железнички оператор „Адиф“ објави на X дека сообраќајот на оваа железничка линија е во прекин поради „ пад на кран што не припаѓа на железничката компанија во колосек на  инфраструктурата“, без да даде дополнителни детали за несреќата.

Шпанскиот синдикат на машиновозачите (SEMAF) вчера се изјасни за генерален штрајк во железничкиот сообраќај во Шпанија.

„Ќе повикаме на генерален штрајк во целиот сектор со цел да се гарантираат безбедноста и довербата во железничката мрежа“, објави СЕМАФ, без да го прецизира точниот датум на штрајкот.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1