Connect with us

Свет

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија

Силна бура во австралиската држава Викторија предизвика ненадејни поплави денеска принудувајќи го затворањето на познатиот океански пат, при тоа носеше автомобили во морето и остави илјадници луѓе без струја.

Властите издадоа предупредување за градовите по должината на океанскиот пат, популарна туристичка дестинација позната по своите живописни погледи, и ги повикаа жителите да се иселат во затворени простории и подалеку од поплавните води.

Локалните медиуми објавија дека автомобилите биле однесени во океанот, а 6.500 дома останале без струја.

Спасувачките екипи им помагале на луѓето заглавени во возилата откога камповите биле поплавени, изјави Државната служба за вонредни ситуации за „Еј-би-си радио Мелбурн“.

Бирото за метеорологија регистрира 166 милиметри дожд до 9 часот наутро во блиската област Маунт Каули.

Бурата се случи неколку дена откога истиот океански пат беше затворен поради пожари што избувнаа поради интензивниот летен топлотен бран.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4