Connect with us

Свет

Финска официјално се повлече од Отавскиот договор за забрана на противпешадиски мини

Финска денеска официјално се повлече од Отавскиот договор за противпешадиски мини, откако одлуката за раскинување на договорот стапи во сила.

Финска ја образложи својата одлука со безбедносни причини, наведувајќи го влошувањето на безбедносната ситуација во регионот. Повлекувањето од овој меѓународен договор ѝ овозможува на земјата повторно да воведе противпешадиски мини во својот воен арсенал.

Одлуката на Хелсинки уследи по сличните чекори на земјите како Естонија, Литванија, Летонија и Полска. Финска го раскина Отавскиот договор на 10 јули минатата година, потсетува финскиот јавен сервис „Иле“ (Yle). Според одредбите на договорот, раскинувањето стапува во сила шест месеци откако генералниот секретар на ОН ќе го прими официјалното известување.

Отавската конвенција (официјално – Конвенција за забрана на употреба, складирање, производство и транспорт на противпешадиски мини и нивно уништување) беше усвоена во Осло на 18 септември 1997 година, а стапи во сила во 1999 година. Кон неа се приклучија повеќе од 160 земји, вклучувајќи го и поголемиот дел од западните држави. За разлика од нив, Кина, Русија, САД и Пакистан никогаш не беа дел од овој договор.

Конвенцијата ги опфаќа само противпешадиските мини, додека противоклопните мини, далечински управуваните мини, онеспособувачките (стапици) мини и другите експлозивни направи наменети против дејството на човечките сили не се опфатени со конвенцијата.

Летонија и Литванија официјално истапија од конвенцијата на 27 декември минатата година, образложувајќи го потегот со променливата безбедносна состојба во балтичкиот регион.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1