Connect with us

Свет

Бурата во Франција остави околу 100.000 домаќинства без струја

По бурата Горети што погоди делови од Франција во изминатите 48 часа, околу 100.000 домаќинства се уште се без струја денеска, првенствено во Нормандија, објави компанијата за дистрибуција на електрична енергија Енедис.

Според извештаите, околу 2.600 домаќинства во Бретања се без струја, објави „Ле Фигаро“.

Компанијата изјави дека три четвртини од потрошувачите повторно добиле струја, откако 380.000 домаќинства првично останале без струја.

Неколку илјади техничари и теренски работници се ангажирани за нормализирање на ситуацијата, според Енедис.

Вкупно осум лица се повредени во бурата на северот од земјата, од кои двајца потешко, а нуклеарниот реактор во Фламанвил, во департманот Манш, исто така е исклучен.

Еден 26-годишен маж е хоспитализиран откако паднал од покрив што го поправал, додека друг е повреден во слични околности, објави весникот.

Црвено временско предупредување е издадено во областа на Ламанш поради силни ветрови, кои достигнаа налети до 200 километри на час.

Бурата предизвика и прекини во железничкиот сообраќај, при што се пријавени околу 400 инциденти.
Во најтешко погодениот регион Нормандија, железничкиот сообраќај сега е во голема мера вратен во нормала.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4