Connect with us

Регион

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух

Општина Софија од денеска до 22 декември воведе викенд зелена карти за јавниот превоз, како превентивна мерка поради високото ниво на загаденост на воздухот и најавеното формирање на магла.

Во предвидениот период паркирањето на паркинг местата на метрото ќе бидат бесплатни за сите граѓани и туристи.

Одлуката е донесена врз основа на прогноза на бугарскиот Национален институт за метеорологија и хидрологија со цел да се ублажат негативните последици по човековото здравје од лошиот квалитет на воздухот.

Општината упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат и да го намалат користењето на автомобили, да избегнуваат палење на отпад во затворен и на отворен простор и да пријават евентуални прекршувања.

Цената на зелената карта чини еден лев (50 центи) во текот на целиот ден, а важи и за ноќниот превоз

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4