Connect with us

Свет

„Тажен кактус“: Норвешка ја брани елката-подарок во Лондон

Норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Ејде одговори на бранот критики во британската јавност, во врска со елката што Норвешка традиционално му ја подарува на Лондон и којашто беше поставена на плоштадот „Трафалгар“.

Во некои британски медиуми и на социјалните мрежи, изгледот на елката е оценет како разочарувачки, со иронични споредби со „тажниот кактус“ и тврдења дека елката изгледа како да е „погодена од торнадо“. Сепак, Ејде нагласи дека тоа е симбол чијашто вредност далеку ги надминува естетските впечатоци.

– Многу сме горди на нашата елка и на оваа традиција, истакна Ејде.

Тој потсети дека елката е „непроценлив подарок“ и дел од традицијата што трае од 1947 година, кога Норвешка првпат ѝ подари елка на Велика Британија како благодарност за поддршката во Втората светска војна. Според него, елката е симбол на долгогодишното партнерство и пријателските односи меѓу двете земји.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4