Connect with us

Регион

Милатовиќ: Црна Гора може да се приклучи на ЕУ и без внатрешни реформи на блокот

Црна Гора би можела да стане членка на Европската Унија и без блокот да ги изврши најавените внатрешни реформи, изјави црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во интервју за бриселскиот портал „Политико“.

– Пред Брегзит, ЕУ имаше 28 членки. Откако ќе и се приклучи Црна Гора, таа повторно ќе има 28 членки. Значи, нема потреба од реформи, рече Милатовиќ.

Откако, Црна Гора на почетокот на неделава времено затвори уште пет поглавја, со што сега има затворено 12 поглавја од преговорите, има амбиции целиот преговарачки процес да го заврши до крајот на 2026 година.

Во такви, услови според Милатовиќ, Црна Гора се надева дека ќе и се приклучи на Унијата во текот на 2028 година.

Инаку, прашањето за „внатрешните реформи“ на Унијата пред приемот на нови членки е меѓу темите за расправа и на денешниот Самит на ЕУ во рамки на дебатата посветена на проширувањето.

Европските лидери често посочуваат дека ЕУ мора да се реформира за да може да функционира нормално и со над 30 земји членки, без блокади и застои, па оттаму кога се говори за „внатрешни реформи“ пред сè се нагласува потребата од промени во процесот на носење одлуки, со тоа што за голем број прашања, наместо со консензус би се одлучувало со квалификувано мнозинство.

Од денешната дебата за проширувањето се очекува да произлезат посебни заклучоци, но засега нивното усвојување останува неизвесно, слично како и на претходните неколку самити кога Унгарија ги блокираше несогласувајќи се со одредбите поврзани со пристапниот процес на Украина.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1