Connect with us

Сцена

Дина Јашари ќе нѐ претставува на фестивалот „Eurosonic Noorderslag“ во Холандија

Дина Јашари ќе не претставува на престижниот фестивал „Eurosonic Noorderslag 2026 во Холандија, соопштија денеска од нејзиниот тим.

– Најистакнатата млада кантавторка на современата македонска музичка сцена, Дина Јашари, годинава е официјално избрана да ја претставува Македонија на најголемиот европски шоукејс фестивал „Eurosonic Noorderslag“ (ESNS), на 40-тото фестивалско издание, што ќе се одржи од 15 до 18 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија. Настапот на Дина на овој престижен настан претставува значајна можност за нејзината кариера, но и важен момент за нашата, но и регионалната, музичка сцена. Таа ќе има уникатна прилика да ја претстави својата музика пред меѓународна публика и пред врвните музички професионалци од светската индустрија, се наведува во соопштението.

Се додава дека „Eurosonic Noorderslag“ е препознатлив како фестивал што открива нови музички ѕвезди и претставува платформа низ што поминале некои од најголемите имиња на современата музика, меѓу кои Dua Lipa, Fontaines D.C., James Blake, Rosalia и Wet Leg.

– Секоја година, фестивалот привлекува повеќе од 40.000 посетители, фанови и професионалци од музичкиот свет. Дина Јашари, позната по своите хитови, меѓународни турнеи и актуелниот албум „Растенија без корен“, се наметнува како едно од највлијателните имиња во новиот музички бран, албум што критиката го препозна како искрен и автентичен приказ на современата реалност и свеж здив за регионалната сцена. Нејзиниот настап на ESNS ќе биде петто учество на македонски артист на овој фестивал, по Кирил Џајковски, Бернајс Пропаганда, Фанк Шуи и Луфтханза. Оваа година, Дина Јашари е името што ќе ја претставува Македонија на големата европска сцена во Гронинген, се истакнува во соопштението. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1