Забава
Рагдол мачка – ем миленик во домот, ем неоштетен мебел
Ако сакате да вдомите мачка, но стравувате за својот кауч и остатокот на мебелот, не сте единствени. Гребењето е природно однесување на сите мачки, но некои раси се многу понежни кон домот и повнимателни во просторот.
Оваа раса е позната по мирниот и пријателски карактер, па попрво би поминале време со сопственикот отколку да скокаат по полици и да гребат по мебелот.
Рагдол мачките имаат умерен нагон за гребење и ретко би ги оштетиле работите во станот. Ако им се овозможи предмет за гребење и научат да го користат, вашиот мебел ќе остане неоштетен. Овие мачки сакаат ред, но и внимание, па се совршени за оние кои сакаат миленици кои внесуваат топлина во домот без да прават неред.
Рагдол мачките имаат полудолго влакно кое помалку се линее во однос со други долговлакнести раси. Возрасните женки вообичаено тежат меѓу четири и седум килограми, додека пак мажјаците – меѓу пет и девет килограми. Нивните плави очи и карактеристичната обоеност ги прават препознатливи и привлечни миленичиња.
За сите кои сакаат уреден дом и присуство на мачки, расата Рагдол е одличен избор бидејќи го спојува нежниот карактер со практичноста во секојдневниот живот.
декември 4, 2025

