Сервисни информации
Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин Евзони кон нашата земја
Грчките земјоделци од 12 часот по локално време го блокирале граничниот премин Евзони кон нашата земја, како за влез, така и за излез од Грција, а не се знае до кога ќе трае блокадата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во конкретниот дел собрани се над 150 трактори и земјоделски возила, а блокадата на земјоделците од областа Пеонија постојано се зајакнува.
Граничниот премин беше затворен и вчера во 18 часот, првично беше блокиран влезот во Грција само за камиони, а потоа земјоделците продолжија со општа блокада, се до полноќ.
Блокади има и во други делови на Грција, кај патарината на излез од Солун на автопатот за Атина, како и во близинс на градовите Лариса и Кардица на истиот автопат.
декември 2, 2025

