Забава
Европскиот суд на правдата: Не постои безалкохолен џин
Европскиот суд на правдата (највисока правосудна инстанца во ЕУ) пресуди дека безалкохолен пијалак не може да биде продаван како џин, бидејќи името е резервирано за специфичен алкохолен пијалак.
Одлуката на судот во Луксембург уследи откако германскиот суд во Потсдам побара разјаснување дали името безалкохолен џин е спротивен на законите на ЕУ.
Претходно германско здружение побара од Судот во Потсдам да забрани продажба на пијалакот „Вирџин џин без алкохол“, оценувајќи дека ова име ја крши директивата на ЕУ за дефиниција, опис, рекламирање и етикетирање на жестоки пијалаци, бидејќи џинот е исклучиво пијалак произведен од земјоделски етил алкохол со вкус на борови.
Судот во Потсдам го потврди барањето на здружението, но сепак се обрати до Европскиот суд на правдата за совет дали неговата одлука ги крши претприемачките слободи.
Судот во Луксембург наведе дека „законот на ЕУ јасно забранува пијалак, како што е предметниот, да се нарекува и продава под етикетата „безалкохолен џин“, бидејќи не содржи алкохол“ и дека „затоа е бесмислено да се додава зборот безалкохолен на законски дефинираното име џин“.
Исто така, Судот посочува дека забраната е оправдана со цел да се спречи забуна кај потрошувачите за составот на некои производи и да се заштитат производителите кои ги исполнуваат барањата на европските закони од нелојална конкуренција.
ноември 28, 2025

