Connect with us

Забава

БМВ З4 заминува во историјата

БМВ се збогува со З4. Компанијата потврди дека производството на долгогодишниот кабриолет завршува, а последните примероци ќе бидат во специјалната “Фајнл Едишн” серија. Оваа ограничена верзија е базирана на З4 М40И и доаѓа со повисока цена.

“Фајнл Едишн” се нуди во една конфигурација, а единствената одлука што ја има купувачот е изборот на менувач: осум брзински автоматик или шест брзински мануелен. Моќноста останува иста. Трилитарскиот турбо Б58 шестцилиндричен мотор развива 382 коњски сили. Автомобилот стои на 19-инчни предни и 20-инчни задни фелни.

Останатите детали се фиксни за сите примероци. Секој “Фајнл Едишн” ќе биде во мат црна боја и ќе го има пакетот со црни лајсни, решетки и ретровизори. Има и црно меко платнено кровче и црвени сопирачки. 

Во внатрешноста, добива црвени шевови на шал таблата, вратите и седиштата. М Спорт седиштата се обложени со кожа и алкантара, а специјалните прагови потсетуваат дека се работи за “Фајнл Едишн”. Од опремата, стандардно доаѓаат со пакетот за асистенции на возачот, Харман Кардон озвучување и “Премиум” пакетот со амбиентално осветлување и други додатоци.

Цените сеуште не се потврдени, а производството ќе трае од крајот на јануари до март следната година, а бројот ќе биде многу ограничен. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3