Connect with us

Регион

Анкета: Хрватите се најзагрижени поради растот на цените и врсничкото насилство

Резултатите од најновата анкета на Ипсос покажуваат дека Хрватите се најзагрижени за растот на цените, потоа за врсничкото насилство, воените конфликти и имигрантите.

Повеќе од 90 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени поради растот на цените, додека 78 отсто изјавиле дека стравуваат поради пад на куповната моќ.

Дури 85,5 проценти од Хрватите посочиле дека еден од најголемите проблеми со кои се соочува општеството е врсничкото насилство, а 73,5 отсто навеле дека се загрижени поради пораст на проблеми со менталното здравје и штетното влијание на општеството. Додека 64,5 проценти од испитаниците изјавиле дека се вознемирени поради зголемување на насилството.

Речиси 73 отсто од испитаниците изјавиле дека се загрижени оти Хрватска би можела да биде директно вклучени во некои од воените судири во светот.

Анкетата покажува дека само еден од пет граѓани поддржуваат доаѓање на странски работници во Хрватска, а речиси 48 проценти веруваат дека имигрантите претставуваат закана за хрватската култура и начин на живот.

Анкетата е спроведена онлајн од 25 до 30 октомври, при што се испитани 600 граѓани на возраст од 18 до 65 години. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1