Connect with us

Култура

ОУ „Киро Глигоров“ од Скопје добитник на наградата за меѓукултурни достигнувања

Основното училиште „Киро Глигоров“ од Скопје е добитник на австриската Награда за меѓукултурни достигнувања. Како што информираат од Авсатриската амбасада во Скопје, Сојузно министерство за европски и меѓународни работи на Австрија го награди основното училиште „Киро Глигоров“ од Скопје за проектот за медиумска писменост „Mic & Pen: Kids Tell It Best / Youth Think“.

Наградата за меѓукултурни достигнувања, истакнуваат, на 24 ноември годинава  беше доделена по дванаесетти пат во Сојузното министерство за надворешни работи на Австрија. Наградата ги одликува извонредните граѓанско општествени проекти кои го зајакнуваат меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог и градат мостови меѓу културите, религиите и општествата. Во категоријата „Медиуми“, основното училиште „Киро Глигоров“ од Скопје беше наградено за својот проект „Mic & Pen: Kids Tell It Best / Youth Think“, кој промовира медиумска писменост, критичко размислување и интеркултурно учење за ученички и ученици на возраст од 10 до 14 години.

-Живееме во време на длабоки глобални превирања. Во таков свет, дијалогот не е луксуз. Тој е неопходност. Тој создава доверба таму каде што расте недовербата, и разбирање таму каде што стравот нé дели од другиот, нагласил државниот секретар Сеп Шелхорн (Sepp Schellhorn) на церемонијата на доделувањето на наградите.

Проектот, кој се спроведува во одбрани училишта од ноември 2023 година, има за цел да воспостави медиумски клубови каде што децата и младите можат да стекнат новинарски вештини и да се изразат преку формати како што се статии, интервјуа и подкасти. Со комбинирање на традиционалните медиуми – како што се училишните весници – и со дигитални
алатки како подкасти, иницијативата ги зајакнува и дигиталната креативност и комуникациските вештини. Ученичките и учениците истражуваат теми како што се културата, човековите права, разноликоста и религијата, разгледувајќи ги од различни перспективи.

Посебен фокус се става на поттикнување на интеркултурниот и меѓурелигискиот дијалог: Младите ги истражуваат обичаите, празниците и вредностите на различните заедници и ги презентираат своите сознанија, со што ја зајакнуваат љубопитноста, почитта и толеранцијата – клучни компетенции во разновидно општество. Во исто време, проектот пренесува вештини за критичко оценување на информациите и распознавање на дезинформации и дигитални обиди
за измама. Преку практична работа со медиуми и рефлективни дискусии, ученичките и учениците се оспособуваат безбедно и одговорно да се движат низ дигиталниот свет.

Со цврсто интегрирање на медиумските клубови во секојдневниот училишен живот, „Mic & Pen: Kids Tell It Best / Youth Think“ постигнува траен ефект и нуди современ, ангажиран пристап кон медиумската писменост и социјалното учење.

Наградата за меѓукултурни достигнувања се доделува преку долгогодишно партнерство помеѓу Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, Канцеларијата на Сојузниот канцелар, Фондот за иднината на Република Австрија, Австриската агенција за развој и Австрискиот фонд за интеграција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1