Connect with us

Сцена

Македонски уметници автори на новиот спот на Дарко Рундек и ЕКИПА

Македонските уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Хана Корнети, театарот „Сенки и облаци“ и Ѓорѓи Митревски се автори на новиот спот на Дарко Рундек и ЕКИПА – „Плес на танком леду“. Вчера премиерно беше новиот сингл од претстојниот албум „Плес на танком леду“ на составот и прикажан новиот уметнички спот.

„Станува збор за шаманска и сонлива песна создадена од авторската соработка на Ана Ковачиќ и Дарко Рундек, којашто ја носи препознатливата длабочина и креативната љубопитност по која се познати и двајцата.  Видеото што беше објавено со песната е резултат на неочекувана уметничка врска. Изборот на авторскиот тим дојде откако Дарко и Санда Хржиќ учествуваа на уметничка работилница посветена на заштитата на реките во 2023 година во Котли, Истра (Хрватска)“, се наведува во соопштението.

Меѓу делата што беа создадени за време на процесот и коишто минатата година беа претставени во Археолошкиот музеј во Загреб, се издвои видеото од македонските уметници Хана Корнети, Ѓорѓе Јовановиќ, театарот „Сенки и облаци“ и Ѓорѓи Митревски.

„Оттаму, Санда Хржиќ и Дарко Рундек ги  поканија на соработка македонските автори да бидат креатори на видеото, а уметниците со задоволство ја прифатија нивната покана“, се додава.

За режија, монтажа, дизајн и анимација е одговорен Ѓорѓе Јовановиќ. Сценариото е на Хана Корнети. Глума, сценографија: Театар „Сенки и облаци“. Продукција, камера: Ѓорѓи Митревски. Уметнички соработник: Санда Хржиќ. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4