Connect with us

Вести

Деребан: Бесплатна правна помош минатата година побарале и добиле вкупно 5.030 граѓани, најмногу за имотоно-правни и семејни спорови

Примарна бесплатна правна помош минатата година побарале и добиле вкупно 5 030 граѓани. Најмногу од барањата се однесувале за имотоно-правни спорови, семејни спорови и во случи на семејно насилство и бракоразводни парници, изјави заменик министерот за правда Ален Деребан. 

Министерството за правда, кое има надлежност за давање на бесплатна правна помош на граѓаните кои не се доволно имотни и немаат доволно средства, тоа, како што посочи заменик министерот Деребан, го прави преку подрачните одделенија на министерството, правните клиники, овластените здруженија и секундарна правна помош преку адвокати. 

-Го донесовме Законот за паричен надомест на жртвите од кривични дела сторени со насилство и во рамки на тој закон формирана е Комисија, која одлучува и постапува по предметите од оваа област. Секако, преземаме и многу други активности за да обезбедиме еднаков пристап до правдата за секој еден човек без разлика на неговиот општествен статус и без разлика по било каква основа, изјави Деребан, одоговарајќи на новинарски прашања по настанот по повод Европскиот ден на правдата во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4