Connect with us

Култура

Во Струга презентирани можностите за „Креативна Европа 2021 – 2027“ во потпрограмите култура и медиа

Македонија има континуитет во користењето на програмата „Креативна Европа“, но интересот на европско ниво е зголемен за 70 отсто, што значи дека се зголемува и бројот на квалитетни апликации. Тоа го истакна раководителот на канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам, Билјана Прентоска на денешната сесија во Струга на која беа споделени информации за актуелните и претстојните повици на програмата „Креативна Европа“ во потпрограмите култура и медиа.

Македонските организации, нагласи, треба да бидат свесни дека е потребно да аплицираат со сериозни и квалитетни предлог проекти. 

– Заедно здружено со нивни партнерски организации од ЕУ. Сакаме да укажеме дека компетитивноста станува се поголема и поголема, затоа што интересот за ова програма на европско ниво е многу зголемен, рече Прентоска.

Пред присутните говореше за сите програми почнувајќи од литературните преводи, односно категоријата циркулација на европски книжевни дела за која повикот е во тек. Потоа говореше за проектите за соработка од областа на културата, културните иновативни лаборатории од крос-секторскиот или меѓусекторската програма, Perform Europe, можностите за изведбена Европа, културата ја движи Европа…

– Културата ја движи Европа, е многу важен повик каде што имаат можности да аплицираат индивидуалци, односно уметници, културни работници, професионалци, која што е еден вид акција на креативна Европа, како еден вид Еразмус во културата, појасни Прентоска. 

На присутните им беа претставени условите, критерумите, можностите и целите на сите повици, заедно со примери на добра пракса, а беа дадени и технички упатства како да се пристапи до порталот на Европската комисија, како да се регистрират учесниците, начинот на пополнување на апликациите и увид во процесот на аплицирање.

– Ќе бидат споделени сите информации кои ќе им се потребни за да започнаат подготовка за еден европски проект. Дали им се потребни партнери, дали им е потребна развојна проект идеја, сите исто, или пак им е потребна техничка асистенција, додаде Прентоска.

За еден културен работник или институција да може да аплицира со проект, според неа, мора добро да е информиран за сите можности кои што се нудат за културните и креативните сектори. 

– Да се запознаени со сите финансиски можности. Добро да ги познава критериумите или целите на одредените акцији, за да може полесно да пронајде и секако во асистенција со нашата канцеларија, да биде упатен на конкретниот повик. Партнерствата се многу важни, особено за повикот во јануари за проекти за соработка, затоа што тоа се копродукциски проекти, каде што им е потребно вмрежување и партнери, со земјите учеснички во Креативна Европа, повеќе од 40 земји, истакна Прентоска. 

Според неа, поголема е веројатноста да го добијат проектот доколку аплицираат со нивни партнери кои имаат искуство, како коорганизатори за да можат да влезат во процесот, да научат што значи европски проект, пополнување на апликација, крирање на проект, идеја што значи тоа е европска додадена вредност во проектот и слично. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3