Connect with us

Култура

Камерно-музички рецитал „Пијанофорте – заедно за младите“ во Истанбул

Камерно-музички рецитал „Пијанофорте – заедно за младите“ вечер ќе се одржи во „Сурп Левон“ – Ерменската католичка катедрала во Истанбул. Организатори се Македонскиот културен центар во Истанбул во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија и Музичкото училиште „Пијанофорте“ од Скопје.

Ансамблите од „Пијанофорте“ се составени од професионални музичари кои годинава ги посветуваат своите концерти на сребрениот јубилеј – 25 години од постоењето на Музичкото училиште „Пијанофорте“. Во таа чест, репертоарот вклучува композитори чиј живот или творештво одбележуваат важни годишнини токму во 2025 година.

Публиката во Истанбул ќе има можност да ужива во настапите на македонските музичари Виолета Стефановска – Шуковиќ, Иван Трајковски, Марина Чадо и Тереза Крцоска, кои ќе изведат програма со дела од Ерик Сати, Клод Дебиси, Георг Фридрих
Хендл, Шарл Огист де Берио, Сергеј Рахманинов, Франсис Пуленк, Бете Илин и Димитриј Шостакович.

Камерниот рецитал се реализира како дел од мисијата за поддршка на младите музички таленти, како и унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Турција.

– Настанот претставува значаен чекор во зајакнување на меѓукултурниот дијалог и во афирмација и презентација на македонската музичка уметност и изведувачи пред турската јавност, информира Македонскиот културен центар во Истанбул.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2