Connect with us

Регион

Вадефул: Институциите на БиХ имаат целосна поддршка од Германија

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вечерва во Сараево изјави дека институциите на Босна и Херцеговина имаат целосна поддршка од Германија.

– Заштитата на основните принципи на Дејтонскиот договор, суверенитетот на БиХ како целина, се клучни. Затоа институциите на оваа земја ја имаат нашата целосна поддршка, нагласи Вадефул на прес-конференцијата по средбата со Високиот претставник, Кристијан Шмит.

Вадефул осврнувајќи се на европскиот пат на БиХ, наведе дека БиХ мора да ги исполни условите дефинирани уште во 2022 година. Тој како приоритети ги наведе владеењето на правото и зајакнувањето на демократијата.

Во време на растечки несогласувања, ова е повеќе од кога било инвестиција во мирот, безбедноста и благосостојбата на Европа. Едно е јасно, процесот на пристапување е и ќе остане процес базиран на перформанси. Ова значи дека земјите од Западен Балкан мора да спроведат длабоки и честопати тешки реформи. Нема заобиколувања, нагласи шефот на германската дипломатија.

БиХ во декември 2022 година доби статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, со претпоставка дека ќе ги спроведе чекорите наведени во одлуката на Европскиот совет од 12 октомври 2022 година на политиката на проширување – зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, управувањето со миграцијата и основните права.

– Германија може да го отвори патот кон ЕУ, но на крајот зависи од решителноста на политичарите и институциите во БиХ да го сторат тоа и да го докажат на дело. Заштитата на основните принципи на Дејтонскиот договор е од клучно значење, посочи Вадефул.

Тој вечерва во Сараево, тој ќе се сретне и со српскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Цијановиќ.

Вадефул во рамките на турнејата по Западен Балкан ќе ги посети Подгорица, Тирана, Белград, Приштина и Скопје.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1