Фудбал
Медиуми: Јалчин ќе биде нов турски селектор
Поранешниот фудбалер, а подоцна и тренер на Бешикташ, Серген Јалчин, ќе ја преземе должноста селектор на репрезентацијата на Турција по отказот што му беше врачен на Винченцо Монтела, јавија денеска турските медиуми.
Според истите извори, 53-годишниот Јалчин ги договорил сите детали од договорот со Турската фудбалска федерација и се очекува официјално да биде промовиран на должноста утре или најдоцна до среда.
Јалчин ќе дебитира на клупата на Турција на 12 ноември во Измир против Белгија во натпревар од А дивизијата во Лигата на нации.
Јалчин во кариерата предводеше исклучиво турски клубови, а во два наврати го предводеше од клупата Бешикташ.
За време на првиот мандат на Јалчин како тренер, Бешикташ ја освои турската двојна круна во сезоната 2020/21.
октомври 21, 2026


