Connect with us

Забава

УНЕСКО препорача италијанската кујна да биде дел од Списокот на светско наследство

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО денеска препорача италијанската кујна да биде запишана на Списокот на светско наследство, објавија италијански медиуми.

Тим стручњаци од Организацијата на ОН, од повеќе делови од сцветот, ги објави резултатите од техничката проценка, по што препорача италијанската кујна да биде запишана како нематеријално културно наследство на човештвото. Ова мислење сега ќе биде проследено до Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО.

Конечната политичка одлука за ова прашање би требало да се донесе на Состанокот во Њу Делхи, Индија, којшто ќе се одржи од 8 до 13 декември.

Доколку Комитетот ја потврди оваа техничка проценка, италијанската кујна ќе стане првата во светот што ќе добие такво признание од УНЕСКО.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4