Свет
Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД
Кина денеска соопшти дека привремено ја суспендира забраната за извоз на галиум, антимон и германиум во САД – ретки и стратешки важни метали, што се смета за нов сигнал за подобрување на односите меѓу двете земји.
Регулативата со која беше блокиран извозот на овие метали – клучни компоненти, особено во производството на полупроводници – е суспендирана до 27 ноември 2026 година, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија.
ноември 9, 2025

