Connect with us

Вести

Излезност од 45,7% во вториот круг, во Скопје гласале 33,82% од запишаните избирачи

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори 2025 година, своето право на глас го оствариле 325.691 гласач, што претставува 45,71% излезност на ниво на цела држава.

Членот на ДИК, Оливер Кондрако, ги објави процентите по општини, при што најголема излезност е забележана во Демир Капија и Дојран – по 72%, како и во Крушево (68%) и Долнени (65%), додека најниска е во Куманово (33%) и Шуто Оризари (30%).

Излезност по општини:

Аеродром – 42%

Боговиње – 59%

Дебар – 41%

Дебарца – 60%

Демир Капија – 72%

Дојран – 72%

Долнени – 65%

Зрновци – 54%

Карпош – 48%

Кичево – 51%

Конче – 70%

Кочани – 40%

Крушево – 68%

Куманово – 33%

Македонски Брод – 54%

Шуто Оризари – 30%

Во рамки на Град Скопје, каде се гласа во десет општини, од вкупно 474.304 запишани гласачи, на гласање излегле 160.131 лице, што претставува 33,82% излезност.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг