Connect with us

Регион

Сирија го призна Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека Арапска Република Сирија го призна Косово.

– Со поддршка на неговото кралско височество, престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд, денеска во Ријад постигнавме договор преку кој Арапската Република Сирија ја признава Република Косово. Му благодарам на претседателот Ал Шара за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за нашиот народ, напиша Османи на Фејсбук.

Таа додаде дека народот на Косово и Сирија многу страдал и направил жртви за да ја постигне слободата.

– Нашата Република оди напред и ништо не може да ја запре, посочи Османи.

Досега 120 држави го признале Косово.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг