Connect with us

Регион

Американската „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ добија концесија за истражувања на јаглеводороди јужно од Крит и Пелопонез

Американската компанија „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ ја добија концесијата за истражување и експлоатација на јаглеводороди во морските подрачја јужно од Пелопонез и јужно од Крит откако министерот за животна средина и енергетика на Грција Ставрос Папаставру денеска ги потпиша четири министерски одлуки за изборот на кандидати по меѓународниот тендер, јави дописничката на МИА од Атина.

Двете компании минатиот месец доставија заедничка понуда и заедничко учество на објавениот тендер од Министерството за животна средина и енергетика на Грција.

Денеска, од надлежното Министерство соопштија дека со министерските одлуки, истражувањата ќе се вршат во вкупно четири морски блокови, два кај Пелопонез и два кај Крит.

Додадоа дека Комисијата за оценување, формирана со одлука на Грчка компанија за управување со јаглеводороди и енергетски ресурси е задолжена да ги повика компаниите како избрани кандидати за горенаведените морски подрачја, со цел да се финализира нацрт-договорот што треба да се потпише согласно јавниот повик.

Кога беше доставена понудата, на средината на септември министерот за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру рече дека „се отвора ново поглавје за експлоатација на подводното енергетско богатство на земјата“. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг