Connect with us

Регион

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Белград да се усогласи со надворешната и безбедносна политика на ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат очекува Белград да се придржува кон надворешната и безбедносната политика на Унијата и да спроведе санкции против Русија. Во изјава за ТВ Н1 тој нагласи дека е важно да се напомене дека Европскиот парламент, во Резолуцијата усвоена оваа недела, јасно наведува дека сака да види демократска Србија во ЕУ.

Според него, во сегашниот момент во државата важен предизвик е поделбата и поларизацијата, и нагласува дека реформите и процесот на пристапување треба да се гледаат како платформа за зближување на различните страни.Фон Бекерат ги издвои владеењето на правото, изборната рамка и слободата на медиумите како области во кои е потребно да се забрзаат реформите, нагласувајќи дека слободата на медиумите е основа на демократското општество.

Тој изјави дека негов главен партнер во ова е актуелната влада, дека се сретнал со министри и функционери, но и со претставници на опозицијата, граѓанското општество, медиумите и бизнис заедницата бидејќи, како што рече, сите овие актери имаат улога во спроведувањето на потребните реформи.

Во врска со одлуката на Советот на ЕУ за забрана на увоз на руски гас, Фон Бекерат рече дека таа одлука не влијае на транзитот од ЕУ преку трети земји, што значи дека нема да влијае на транзитот на гас до Србија.
Фон Бекерат рече дека ЕУ ја охрабрува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се дистанцира од Русија.Тој апелираше до Србија да ги забрза реформите на патот кон ЕУ, нагласувајќи дека постои „моментум“ кога зборуваме за проширување, кој беше создаден од руската агресија врз Украина.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг