Connect with us

Хроника

Двајца крадци и еден измамник од Велес приведени и спроведени во Идризово

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, синоќа во 21:00 часот го привеле 44 годишниот  М.Т. од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Како што информира портпаролот Биљана Ѓаковска, претходно еден час и 20 минути бил приведен и триесет и тригодишниот Н.Д.од Велес, баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. 

Исто така, вчера попладне, во 16:15 часот приведен бил и 39 годишниот  Ш.Р. од Велес, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Таа информира  дека  трите лица  се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казните.