Connect with us

Регион

Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор

Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската, Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор, откако денеска Врховниот суд го отфрли барањето за изрекување поблаги мерки. 

Ова не е првпат Мета да бара поблаги мерки, но сите судски инстанци, вклучително, сега и Врховниот суд, ги отфрлија барањата. 

Тој има поднесено жалба и до Уставниот суд за поблага мерка за безбедност и наводите за прекршувања на законот во процесот против него.

Мета (56), кој во затворски притвор е од октомври минатата година, претседател на Албанија беше во период од 2017 до 2022 година, на која дојде од функцијата претседател на парламентот. Претходно беше и министер за економија и надворешни работи.

Под истрага на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, е за корупција, перење пари и прикривање на имот.