Регион
Фон дер Лајен се сретна со претставници на граѓанското општество: ЕУ е подготвена да ја поддржи Србија во градењето стабилна демократија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Белград, се сретна денеска и со претставници на граѓанското општество.
„ЕУ е подготвена да ја поддржи Србија во градењето стабилна демократија. Токму за тоа се работи во процесот на пристапување. Реформите поврзани со ЕУ треба да ги вклучат сите делови од општеството и целиот политички спектар. Во овој контекст, го поздравувам неодамнешниот напредок постигнат во однос на Единствениот избирачки список и Советот на REM. Сега клучот е во спроведувањето на тие реформи. Заедно, тие претставуваат солидна основа за европскиот пат на земјата“, напиша таа на својот официјален профил на мрежата X