Хроника
Жител на Центар Жупа присвоил над 1300 квадратни метри државно земјиште

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Коџаџик, општина Центар Жупа, поради узурпација на недвижности.
– Кривична пријава е поднесена против С.А.(44) од селото Коџаџик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, С.А. на катастарска парцела во атарот на селото, неовластено присвоил 1.355 метри квадратни државно земјиште и го оградил со метални столбови и метална жица.
Ова не е прва кривична пријава по овој основ. Вчера ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар, кој во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарско Езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 метри квадратни.
Во изминатиот период од годинава поднесени се најмалку десет пријави за узурпација на земјиште во државна сопственост, покрај брегот на Дебарско Езеро, главно во месноста Манастирец и градската плажа.
октомври 15, 2025