Connect with us

Хроника

Кривична пријава за лице од Велешта за нелегално изградена куќа во близина на далновод

Педесет годишен жител од струшкото село Велешта нелегално изградил куќа во близина на далновод, со што ја загрозил сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и предизвикал безбедносна опасност по луѓето, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против С.Н.(50) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по  член 244 од Кривичниот законик. 

– Тој, на катарстарска парцела во селото во близина на постоечки надземни средно напонски водови, нелегално и спротивно на предвидени безбедносни норми, изградил куќа. Со тоа, пријавениот го нарушил безбедносното растојание, ја загрозил сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и предизвикал безбедносна опасност по луѓето, појасни портпаролот Стефан Димоски. 

Од извршениот инспекциски надзор било донесено решение за прекинување на градењето.