Регион
Рама најави протест на 17 октомври во Тирана за поддршка на поранешните лидери на ОВК под мотото „Слободата има име“

Протест под мотото „Слободата има име“ во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди во Хашкиот трибунал, за воени злосторства, ќе се одржи во Тирана на 17 октомври.
Премиерот на Албанија, Еди Рама протестот го најави на Фејсбук, при тоа истакнувајќи оти „сите Албанци од Косово, Северна Македонија, Албанија, дијаспората и секој агол од албанските земји треба да се приклучат на овој митинг“.
Со задоволство и чест, ги убедувам организаторите да ја објават оваа покана – повик: СЛОБОДАТА ИМА ИМЕ. Од Косово, Северна Македонија, Албанија, дијаспората и секој агол од албанските земји – илјадници срца ќе се обединат овој петок, 17 октомври, во 17 часот, за едногласно да побараат правда за ослободителите“, напиша Рама на Фејсбук.
Тој и објави фотографија на која пишува „Јас сум УЧК – сенационален протест во Тирана“.
Претходно, протест беше организиран во Хаг, за кого организаторите немаа дозвола и се обидоа насилно да влезат во Судот, но беа спречени од полицијата. Протест беше организиран и во Приштина.
октомври 14, 2025