Забава
Мотор потпишан од Лав XIV оди на аукција

Мотоцикл потпишан од папата Лав XIV ќе биде понуден на наддавање закажано за в сабота, во Минхен, Германија, соопшти аукциската куќа „РМ Сотби’с“ (RM Sotheby’s). Папата го потпиша белиот „Бе-ем-ве“ мотоцикл во септември во Ватикан.
На страницата на аукциската куќа се појавија фотографии на коишто римокатоличкиот поглавар седи на моторот со соодветен шлем. Возилото е донесено во Рим од групата која себеси се нарекува „Исусови моторџии“, и тие го возеле од германскиот град Шафхајм до римскиот плоштад „Сан Пјетро“.
Моделот наводно е инспириран од „Папамобилот“, според одредени гласини.
Се очекува мотоциклот да достигне цена меѓу 40.000 и 60.000 евра на наддавањето викендов. Приходите ќе бидат наменети за Папските мисионерски друштва во Австрија, за поддршка на децата на Мадагаскар.
октомври 14, 2025