Connect with us

Регион

Грција со пакет мерки од половина милијарда евра за помош на домаќинствата

Грчката Влада планира даночни олеснувања за стотици илјади сопственици на домови и директна парична помош за еден милион домаќинства кои живеат под наем, како дел од план за справување со сериозната станбена криза, јави агенцијата АНА-МПА.

Според предлог-буџетот за 2026 година, кој го претстави министерот за национална економија и финансии Кириакос Пиеракакис, вкупната вредност на мерките изнесува речиси половина милијарда евра.

Првата мерка, која ќе започне за еден месец, предвидува парично враќање на износот на еден месечен наем за повеќе од еден милион бенефициенти, до 800 евра. Таа ќе важи и за студентски сместувања, што опфаќа околу 80 проценти од сите што живеат во изнајмен простор..

Пакетот мерки треба целосно да се спроведе во 2026 година, а меѓу нив е и продолжување на ограничувањето за краткорочни туристички изнајмувања во Атина до истата година, со цел да се ослободат станови за долгорочен наем.