Connect with us

Регион

Вучиќ до Мацут и до Брнабиќ: Забрзајте ги реформските агенди за ЕУ, исполнете се

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е важно Србија да покаже дека има капацитет и способност за побрз напредок на европскиот пат и ги повика премиерот  Ѓуро Мацут и претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ да го забрзаат спроведувањето на реформската агенда во процесот на пристапување кон ЕУ.

Вучиќ ги повика Мацут и Брнабиќ да исполнат се од реформската агенда, дури и ако понекогаш нешто изгледа како уцена и нешто не е фер.

„И се што се однесува до избирачките списоци и барањата на ОДХИР, што и да сакаат, исполнете им. Се што им паднало на памет и што не им текнало во ниедна друга земја, исполнете им. Тоа е моето барање“, рече Вучиќ во вонредно обраќање до јавноста.

Тој истакна дека е важно да се покаже дека Србија има капацитет и способност за побрз напредок на европскиот пат, но и дека нема страв од волјата на народот.