Connect with us

Свет

ЕУ ја поздрави изборната победа на партијата на Маја Санду во Молдавија

Високите претставници на Европската Унија ја поздравија веста дека владејачката партија на молдавската претседателка Маја Санду го задржа парламентарната мнозинство на изборите одржани вчера.

– Иднината на Молдавија е во Европа! – напиша претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на мрежата Икс.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта оцени дека изборите се историски момент за земјата. – Народот на Молдавија избра демократија, реформи и европска иднина, и покрај притисокот и мешањето од Русија. ЕУ е со Молдавија на секој чекор, порача тој.

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас додаде дека, и покрај обидите на Русија да шири дезинформации и да купува гласови, „никоја сила не може да го запре народот кој се залага за слобода“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека молдавските граѓани повторно ја избрале Европа, демократија и слобода. – Нашата врата е отворена и ќе бидеме со вас на секој чекор. Иднината е ваша, порача таа.

Молдавија, сиромашна земја со околу 2,4 милиони жители, е кандидат за членство во ЕУ од 2022 година.