Регион
Бериша: Битката на опозицијата влезе во нова фаза, Албанија е број еден за перење пари

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија(ДП), Сали Бериша, по состанокот на пратеничката група, изјави дека битката на опозицијата влегува во нова фаза.
Исто така, повикувајќи се на странски извештаи, обвини дека „Албанија е број еден за перење пари”, повторувајќи дека на чело на нарко државата е Еди Рама.
-Битката на опозицијата влезе во нова фаза, ќе биде битка против нарко-државата, против лидерот на првата и единствена нарко-држава во Европа. Албанија стана рај за перење пари на меѓународниот криминал. Облакодери се градат од милијарди долари стекнати од дрога, рече Бериша.
Тој спомена конкретни имиња како што е Диего Бенитез, кого го опиша како „кум кој управува со 14 кланови за трговија со кокаин во Албанија“.
Тој информираше дека пратеничката група на Демократската партија денеска доставила до Уставниот суд барање да го поништи, како неуставен, указот на претседателот Бајрам Бегај, за функционирање на виртуелната министерка Диела.
септември 24, 2025