Регион
ДАОЕ – „Грчкото ФБИ“ – за две години разби 260 криминални организации кои ја оштетиле државата над 500 милиони евра
Грчката Дирекција за борба против организираниот криминал (ДАОЕ) разби 260 криминални организации и групи, јави грчката телевизија ЕРТ. Годишнината од ДАОЕ денеска ќе биде одбележана на посебна церемонија во присуство на претседателот Константинос Тасукас и премиерот Киријакос Мицотакис.
Државната служба, позната и како „грчко ФБИ“, е основана пред две години. Според податоците од почетокот на нејзините активности на 21 октомври 2024 година, ДАОЕ и нејзините регионални структури истражиле повеќе од 1.500 случаи на тешки кривични дела и дејствија на организирани групи и мрежи.
Против 5.500 лица се поднесени обвиненија, а околу 3.300 се уапсени и предадени на правосудниот систем.
Податоците покажуваат дека штетата предизвикана на државата од активностите на криминалните организации надминува 500 милиони евра.
ноември 4, 2026


