Свет
Иранските преговарачи ги напуштија преговорите во Доха, циркулира нацрт-предлог за договор со САД
Иранските претставници заминаа од преговорите со катарските посредници за завршување на војната со САД. Преговарачите заминаа вчера, но не поради проблеми во преговорите, изјави неименуван извор.
Тој не наведе зошто иранските преговарачи заминале од Доха, но додаде дека циркулира нацрт-предлог за договор и е можно да има уште еден состанок.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи истакна дека основата за преговорите бил планот од септември од седум чекори на Иран за повторно отворање на Ормутска Теснина и прекинување на американската поморска блокада.
Багаи посочи дека иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади е во Доха за да ја олесни размената на пораки со Вашингтон преку катарски посредници.
Нашите барања се артикулирани многу јасно и транспарентно. Овие барања се разумни и логични: не може да се иницира конечен договор, ниту пак Ормутска Теснина може да се отвори повторно или обезбеди доколку не се прекине американската поморска блокада, доколку не се почитуваат барањата на Иран и не се задоволат легитимните потреби на Иран, потенцира Багаи.
ноември 3, 2026


