Connect with us

Филм

Режисерот Мајкл Ман случајно си пукал во нога

Режисерот Мајкл Ман, познат по својот криминалистички трилер „Жештина“ (Heat), се повредил во несреќа на стрелиште во Лос Анџелес, потврди неговата гласноговорничка за новинската агенција ДПА.

Порталот „Ти-ем-зи“ (TMZ) прв ја објави веста за несреќата, повикувајќи се на полициски извори. Според наводите, при инцидентот во саботата, Ман (83), кој е искусен рекреативен стрелец, случајно испукал куршум во ногата додека се обидувал да го стави пиштолот во футролата. Американскиот филмаџија притоа се здобил со „површински повреди“; сега тој прима медицинска помош и наскоро треба да биде пуштен од болница, според портпаролката.

Ман е познат по режирањето сурови крими-трилери во коишто се појавиле некои од најголемите холивудски ѕвезди. Меѓу нив е класикот од 1995 година – „Жештина“, со Роберт де Ниро и Ал Пачино во напната игра на „мачка и глушец“; потоа „Колатерал“ (Collateral) од 2004, со Том Круз како безмилосен платен убиец на улиците на Лос Анџелес, а ја режираше и филмската адаптација на ТВ-серијата „Пороците на Мајами“ (Miami Vice), каде што Колин Фарел и Џејми Фокс глумат детективи кои ловат криминалци.

Ad
Ad