Свет
Синот на Болсонаро обвинет за принуда

Федералниот пратеник од Бразил, Едуардо Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, е обвинет за принуда, објави канцеларијата на државниот обвинител.
Британските медиуми јавуваат дека обвинението е поврзано со случајот во кој неговиот татко беше осуден за обид за државен удар.
Државното обвинителство наведува дека Едуардо „постојано се обидувал да ги подреди интересите на Бразил и целата општествена заедница на неговата лична и семејна агенда“.
Едуардо Болсонаро претходно годинава се пресели во САД за да побара поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на кривичната постапка против неговиот татко.
Тој, исто така, ја презеде заслугата за притисокот врз Белата куќа да воведе царини од 50 проценти за повеќето бразилски производи.
септември 24, 2025