Connect with us

Фудбал

Гетафе му понуди на Санчо договор со плата 25 пати помала од неговата во Манчестер јунајтед

Шпанскиот фудбалски клуб Хетафе официјално му понуди на поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, договор до крајот на сезоната, објави „Телеграф“.

Според британскиот медиум, Хетафе е подготвен да му плати на поранешниот крилен напаѓач на Манчестер jунајтед нешто повеќе од 10.000 фунти неделно. Неговата плата во англискиот клуб беше 250.000 фунти неделно. Играчот сака да се сретне со главниот тренер Хозе Бордалас пред да донесе одлука.

Дваесет и шестгодишниот Англичанец го напушти Манчестер јунајтед минатото лето откако му истече договорот и е слободен агент. Тој ја помина сезоната 2025/26 на позајмица во Астон вила, постигнувајќи еден гол и три асистенции на 39 натпревари. 

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 10 милиони евра. 

Ad
Ad