Регион
Gumball 3000 во Белград – спектакл во центарот на градот

Градот Белград е домаќин на овогодинешното рели Gumball 3000, меѓународно рели на познати автомобили што се одржува на јавни патишта. Голем број супер спортски автомобили, жива музика и светски ѕвезди ја исполнија програмата во центарот на главниот град на Србија.
„Gumball 3000“ е основан во 1999 година, со визија да ги комбинира автомобилите, музиката, модата и популарната култура. Овогодинешното рели се вози на рутата од Истанбул до Ибица, од 20 до 26 септември, а Белград ќе биде третата станица на оваа рута, од седум планирани“, соопштија од градот Белград.
Настанот вклучува парада и изложба на повеќе од 100 луксузни спортски автомобили од различни земји, со цел промоција на автомобилизмот, туризмот, како и меѓународната соработка и размена на искуства.

Овогодинешното движење се одржува на рутата од Истанбул до Ибица, од 20 до 26 септември, а Белград е биде третата станица од седумте планирани на таа рута.

Од своето основање во 1999 година, Gumball 3000 прерасна во глобален феномен што ги надминува границите на автомобилските саеми. Идејата на основачот, британскиот визионер Максимилион Купер, е да ја спои љубовта кон автомобилите со музиката, уметноста и поп-културата, зближувајќи спортисти, музичари, актери и влијателни личности од целиот свет. Со овој настан, Белград им се придружува на градови како Лондон, Њујорк, Истанбул и Токио, кои претходно имаа можност да бидат домаќини на тој караван.
септември 23, 2025