Регион
Кипарски градоначалник одби да отстрани антисемитски графити

Градоначалникот на кипарскиот град Ларнака, Андреас Вирас, одби да ја исполни наредбата на Министерството за внатрешни работи за отстранување на антисемитски графити од јавни простори, јави весникот „Сајпрс мејл“.
Министерството претходно испратило циркуларно писмо до сите општини, повикувајќи се на барање на израелското Министерство за дијаспората за отстранување на антисемитски и антиизраелски графити на територијата на Кипар.
Во реакција на писмото, Вирас истакна дека не е должен да спроведува „надворешни инструкции“. – Не можам да не изразам тага што во време кога илјадници луѓе умираат околу нас, нè повикуваат да го насочиме јавниот дискурс кон натписи на ѕидови, наместо кон големата хуманитарна криза и злосторствата против човештвото што продолжуваат, изјави градоначалникот.
Опозициските партии во Кипар остро реагираа на писмото, но заменик-портпаролот на владата Јанис Антониу оцени дека реакциите се „прекумерни“. Тој нагласи дека испраќањето на циркуларно писмо на барање на Израел не значи отстапување од суверенитетот на Кипар, туку има за цел спречување на дела кои шират омраза во општеството.
септември 23, 2025