Регион
Владата „Рама 4“ даде заклетва пред претседателот Бегај и официјално го започна мандатот

Со давање заклетва пред шефот на државата, Бајрам Бегај и ветување дека ќе работат во согласност со Уставот и законите, владата на Еди Рама и официјалано го почна четиригодишниот мандат.
Прв што положи заклетва беше премиерот Еди Рама, кој со тоа официјално го почна својот четврти последователен мандат, по победата на Социјалистичката партија на парламентарните избори на 11 мај. Тој според уредбата ќе биде одговорен и за виртуелната министерка Диела.
По него, новите 16. владини министри положија заклетва еден по еден, ставајќи ја раката врз Уставот на Републиката, меѓу нив, вице – премиерката и министерка за инфраструктура и енергетика е Белинда Балуку, министрите Пиро Венгу за одбрана, Албана Кочиу, министерка за внатрешни работи, што е прва жена на оваа функција во историјата на земјата, Елиса Спиропали, за Европа и надворешни работи, за финансии Петрит Малај, Бесфорт Ламалари за правда.

По заеднчката фотографија со шефот на државата, членовите на влада од претседателската палата до владата, стигнаа пеш и се фотографираа пред влада, по што ќе ја одржат првата седница.
Вчера на пленарна седница која наместо предвидените два дена за расправа, заврши за 25 минути, без дебата, поради тензичната ситуација која ја создаде опозицијата, по обраќањето на Диела преку видео, програмата „Албанија во ЕУ 2030“ и владата беа изгласани само од владејачкото мнозинство, со 82 гласа.
Опозицијата не учествуваше во гласањето, а по седницата до парламентот достави барање да се одржи друга седница за програмата и владата и побара разрешување на првиот парламентарец Нико Пелеши. Од друга страна социјалисите побара санкции кон двајца пратеници, кои фрлаа примероци од Уставот и деловникот за работа на парламентот, кон Рама и со блокирање на говорницата не му дозволија да ја претстави програмата и составот на владата.
септември 20, 2025