Connect with us

Фудбал

Ваноли се врати на клупата на Фиорентина

Фиорентина во понеделникот го врати Паоло Ваноли на позицијата главен тренер на првиот тим, нецел ден откако го отпушти Фабио Гросо, под чие водство тимот од Фиорентина претрпе три пораза на почетокот од новата сезона во Серија А со гол разлика од 1:9.

„Фиорнтина објавува дека тренерот Паоло Ваноли е назначен за нов главен тренер на ‘Виолетовите’. Голема благодарност до тренерот за неговото ентузијастичко прифаќање на неговото враќање на чело на првиот тим“, објави клубот.

Ваноли го спаси клубот од испаѓање минатата сезона кога го замени Стефано Пиоли во ноември по 10 натпревари без победа. На крајот, тој ја одведе Фиорентина од зоната за испаѓање до 15-то место и во исто време стигна до четвртфиналето на Конференциската лига, каде што беа запрени од подоцнежниот освојувач на трофејот, лондонски Кристал Палас.

Ваноли ќе ја добијат својата прва шанса за пресврт на црната резултатска низа в петок кога Фиорентина ќе го пречека повратникот во Серија А, Венеција, која исто така остана без освоен бод во првите три натпревара.